Опис
Очила за сонце Red Stelt 8000 JSP
Очила за сонце Red Stelt 8000 JSP:
Очилата за сонце Red Stelt 8000 JSP се заштитни наочари за сонце со модерен изглед и дизајн коишто на секого би му биле добродојдени во сончевите денови.
Нивната тежина е само 26 грама и многу се лесни за носење. Произведени во Англија.
Поседуваат антизамаглувачки поликарбонатни сочива коишто се многу отпорни на сите механички оштетувања како и гребнатинки.
Очилата поседуваат подесива PVC влошка за нос којашто на корисниците им овозможува
Дополнителен комфор и удобност при носење.
PVC влошка на корисниците им обезбедува стабилност на очилата. Рачките се со низок профил. Симпатичен и впечатлив детал на очилата е црвената шара на рачките која им дава некаков карактер.
Овој модел на очила е еден од најпродаваните откако започнавме со продажба на истите и убедливо добива најдобри коментари и симпатии од купувачите.
Со овие очила сонцето нема да претставува проблем што е многу добро за возачите и велосипедистите кои се најчестите купувачи. Погодни се и за скијачите затоа што го намалуваат одсјајот на зраците од снегот и несметано може да се ужива во скијањето.
Прегледноста е многу добра па затоа голем број на возачи и велосипедисти ги купуваат овие очила за да бидат заштитени, а сепак да уживаат во возењето и сообраќајот.