Vaša korpa je prazna
sigurni smo da ćete naći šta tražite!
Почитувани Потрошувачи,
Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите пред да купите. Во процесот на купување на Електронската платформа militaryshop.mk, Вие се согласувате со овие услови за купување и преддоговорните информации (во натамошниот текст: Општи услови и преддоговорни информации), со што потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле.
Општите услови за купување и преддоговорните информации ги регулираат условите за купување преку електронската платформа militaryshop.mk (во натамошниот текст: Платформа)
Платформата е посредник во продажбата на стоки и услуги помеѓу потрошувачот и трговецот, а при нарачка на стоката преку Платформата, потрошувачот склучува договор со трговецот, односно влегува во купопродажен однос со трговецот. Трговците кои продаваат стоки и услуги преку Платформата се деловни субјекти (правни лица и претприемачи) кои со militaryshop склучиле Договор за посредување при продажба на стоки и услуги и за поврзани услуги. Општите услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите се во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, Законот за електронска трговија, Законот за трговија, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за платежни услуги и платни системи и Законот за давање на финансиски услуги на далечина. Купувањето направено преку Платформата претставува склучување договор на далечина. Кога потрошувачот купува преку Платформата, Општите услови и преддоговорните информации се составен дел на тој договор.
Во процесот на купување, потрошувачот изјавува дека е запознаен и се согласува со Општите услови за купување и преддоговорните информации и Политиката за приватност. По завршувањето на процесот на нарачка на стоката, потрошувачот на e-mail (e-адреса) добива Спецификација на нарачката. Оваа е-порака е потврда дека нарачката е обработена и понатаму се процесуира и не претставува склучување на договор за продажба на стока. Кога ќе се потврди дека стоката нарачана од потрошувачот е достапна во магацинот, односно кога курирската служба ќе ја подигне стоката за достава до потрошувачот, нарачката ќе биде потврдена и потрошувачот ќе добие Потврда за купување на e-mail (e-адреса), и тогаш се смета дека договорот за купопродажба е склучен. Согласно важечката регулатива пратката со производот/ите ќе биде снабдена од страна на трговецот со соодветна документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања. Може да се случи одреден производ да го нема на залиха, за што потрошувачот ќе биде информиран. Платформата нема да биде одговорна пред потрошувачот доколку се случи одреден производ да не биде достапен во магацинот во дадено време.
Купувањето на одредени, специјално означени производи на Платформата може да го направат само возрасни потрошувачи. При нарачка на посебно означените производи, потрошувачот е должен да потврди дека е полнолетен. Не е дозволено купување или достава на специјално означени производи од малолетни потрошувачи. Платформата не е одговорна за купување на специјално обележани производи од потрошувачи кои не се полнолетни.
Плаќање во готовина при достава
Производите се доставуваат до купувачите преку курирската служба на Платформата или други курирски служби со кои Платформата има потпишано договор за деловна соработка. Договорот за деловна соработка ги дефинира правата и обврските на секоја од страните, кои се рефлектираат во времето и начинот на достава, обврските на курирските служби да известуваат за преземените пратки/производи, како и начинот на пренос/уплата на средствата добиени од потрошувачите врз основа на доставени пратки/производи.
По приемот на стоката доставена од страна на курирската служба, потрошувачот го плаќа во готовина износот на доставената пратка наведен во Потврдата за купување, која се доставува до потрошувачот по електронски пат или со картица доколку курирската служба поседува терминал за наплата при достава.
Курирската служба ја прима готовината и го уплаќа износот на собраните средства на својата сметка отворена во банка. Курирската служба секојдневно составува извештај кој го испраќа до Платформата за претходниот ден, во кој е дадена спецификацијата на доставените пратки, како и износот на паричните средствата што ќе бидат трансферирани најдоцна наредниот работен ден од сметката на курирска служба на наменска сметка за заштита на парични средства на корисници на Платформата отворена кај деловна Банка. По испраќањето на извештајот, курирска служба е должна веднаш да го префрли износот на средствата наведен во извештајот од својата тековна сметка на наменската сметка за заштита на парични средства на корисници на Платформата отворена кај деловната Банка.
Правна одговорност на трговецот за сообразност и обврска за замена со друга стока
1. Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, трговецот кој ги продава производите на потрошувачот одговара за сообразноста на производите во период од две години од денот на доставата на производот. Платформата, како посредник во продажбата, не презема обврски кои произлегуваат од правната одговорност на трговецот врз основа на усогласеноста на производите со договорот.
Трговецот е одговорен за несообразност на доставената стока со договорот доколку:
Несообразноста постоела во моментот на нејзиното предавање на потрошувачот, без оглед дали трговецот за тоа знаел, односно има законска одговорност за сообразност на стоката.
Несообразноста се појавила по предавањето на стоката на потрошувачот, ако истата е последица од причина што постоела пред предавањето.
Нема да се смета дека потрошувачките стоки не се во сообразност со купопродажниот договор ако, во времето на склучувањето на договорот, потрошувачот бил посебно информиран дека одредени карактеристики на стоката отстапуваат од објективните барања за сообразност и потрошувачот изрично се согласил со тоа отстапување при склучување на договорот.
Стоката е во сообразност доколку кумуулативно ги исполнува следните:
а) субјективни барања:
-да е со опис, квантитет, квалитет и да поседува функционалност, компатибилност, интероперабилност и други карактеристики, како што се предвидени со договорот;
-да е погодна за посебната намена за којашто потрошувачот ја набавува, за што трговецот знаел во моментот на склучување на договорот и истото го прифатил;
-да е испорачана со сите додатоци, упатства, вклучително и за инсталација и корисничка поддршка, како што е предвидено со договорот и
-да е ажурирана и дополнета како што е предвидено со договорот.
б) објективни барања:
-каде што е применливо, е погодна за намената за којашто стоките од истиот вид вообичаено се користат, согласно со прописите на Република Северна Македонија и на Европската Унија, техничките стандарди или во отсуство на такви технички стандарди, кодексите на однесување во соодветниот сектор;
-каде што е применливо, го има квалитетот и одговара на описот на примерокот или моделот што трговецот му го ставил на располагање на потрошувачот пред склучување на договорот;
-каде што е применливо, е доставена заедно со додатоци, вклучително и пакување, упатства за инсталација или други упатства, како што потрошувачот може разумно да очекува да добие и
-да биде со количина и да го покажува квалитетот и другите карактеристики, вклучително и во однос на трајноста, функционалноста компатибилноста и безбедноста што се вообичаени за стоката од ист вид и коишто потрошувачот може разумно да ги очекува, со оглед на природата на стоките и имајќи ги предвид кои било јавни изјави за посебните својства на стоките дадени од страна на трговецот или во негово име или од други лица во претходни фази на ист ланец на договори, вклучувајќи го и производителот, особено при огласувањето или при означувањето.
Доколку доставената стока не е во согласност со договорот, потрошувачот кој го известил трговецот за несообразноста, директно или преку Платформата, има право да бара од трговецот да ја отстрани несообразноста, без надомест, при што може 1) да бара бесплатно отстранување на несообразноста по пат на поправка или на замена на стоките; 2) да бара сразмерно намалување на цената или 3) да го раскине договорот.
Потрошувачот има право да избере продавачот да ја поправи несообразноста на стоката со поправка или замена.
Доколку не е можно да се отстрани несообразноста со поправка или замена, потрошувачот има право да бара соодветно намалување на цената или раскинување на договорот доколку:
1) трговецот или лицето овластено од него не извршиле поправка или замена на стоката, соодветно, во разумен рок што не може да биде подолг од 30 дена од кога стоката е преземена;
2) трговецот или лицето овластено од него не извршиле поправка или замена на стоката, соодветно, без значителни непријатности за потрошувачот;
3) кога несообразноста се појавува и покрај обидот на трговецот или лицето овластено од него, соодветно, да ја отстрани несообразноста на стоката;
4) кога несообразноста е од толку сериозна природа што може да оправда намалување на цената или
5) трговецот или лицето овластено од него изјавил или е јасно од околностите, дека нема да ја отстрани несообразноста на стоката во разумен рок или без значителни непријатности за потрошувачот.
Потрошувачот има право да бара замена, соодветно намалување на цената или да го раскине договорот поради истиот или друг недостаток на сообразност што се појавува по првата поправка, а повторната поправка е можна само со изречна согласност на потрошувачот.
Ако несообразноста се појави во рок од шест месеци од датумот на пренесување на ризикот на потрошувачот, потрошувачот има право да избере помеѓу барањето несообразноста да се поправи со замена, соодветно намалување на цената или да изјави дека го раскинува договорот, додека отстранувањето на несообразноста е можна со поправка со изречна согласност на потрошувачот.
2. Трговецот има обврска на барање на потрошувачот кој кај него има купено стока, а што не е соодветна во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, истата да ја замени со стока што има соодветен квалитет, освен во случај на стока изработена по нарачка од потрошувачот.Трговецот ќе изврши замена доколку барање од страна на потрошувачот му е доставено на трговецот во рок од 15 дена сметано од денот кога стоката му е предадена на потрошувачот. Замената на стоката со соодветен квалитет се врши ако стоката не била употребувана, ако се сочувани нејзините изглед, употребни својства, пломби и фабрички означувања, како и сметката што на потрошувачот му била издадена заедно со стоката. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот трговецот нема соодветна стока, во смисла на стока што ќе одговара на неговите потреби, потрошувачот има право, по свој избор да бара:
1) да го раскине договорот и да бара враќање на платениот износ или
2) да ја замени стоката со друга соодветна стока кога трговецот ќе располага со таква стока.
Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на стоката дека располага со таква стока во рок што не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето за замена на стоката.
Приговори на потрошувачите
Потрошувачот може да поднесе приговор за стоката купена на Платформата по електронски пат info@militaria.rs. Со ова не се ускратува правото на потрошувачот да поднесе приговор директно до трговецот од кој го купил производот.
Со поднесувањето на приговорот, потрошувачот има обврска да обезбеди доказ за купување (документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања,спецификација на нарачка, потврда за купување) и по можност да обезбеди фотографии од приговараниот производ.
Потрошувачот изјавува приговор за остварување на своите права по основ на несообразност, барање за замена, гаранција, како и поради неправилно пресметана цена, оштетување на пратката при транспорт и сл. Кога станува збор за остварување права од гаранцијата, потрошувачот може да поднесе приговор до трговецот во рокот за одговорност на трговецот (продавачот) врз основа на несообразност, а по истекот на тој рок, приговорот се поднесува до издавачот на гаранцијата. Кога потрошувачот поднесува приговор преку Платформата, Платформата електронски го потврдува приемот на приговорот до потрошувачот, односно го соопштува бројот под кој е поднесен приговорот и автоматски го доставува приговорот до трговецот.
Обврска на трговецот е да одговори на приговорот на потрошувачот во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот. Одговорот на трговецот на приговорот содржи одлука дали да се прифати приговорот, образложение доколку не го прифати приговорот и доколку го прифати потрошувачкиот приговор, конкретен предлог за разрешување на приговорот во кој е предвиден рок што не може да биде подолг од еден месец од приемот на потрошувачкиот приговор. Имено, доколку приговорот на потрошувачот биде прифатен, рокот за решавање на приговорот е 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот или 30 дена за технички производи и мебел.
При обработката на личните податоци на потрошувачот, трговецот постапува во согласност со прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци.
Трговецот е должен да постапи согласно предлогот за решавање на приговорот, доколку претходно добил согласност за тоа од потрошувачот. Роковите започнуваат да течат од денот на изјавување на приговорот. Рокот за решавање на приговорот завршува кога потрошувачот ќе го добие одговорот на трговецот на приговорот, со вклучен предлог за решавање на приговорот, а рокот за постапување согласно предлогот за решавање на приговорот продолжува да тече од денот кога трговецот ќе ја добие согласноста на предлогот за решавање на приговорот од страна на потрошувачот. Потрошувачот е должен да одговори на одговорот на трговецот најдоцна три дена по приемот на одговорот на трговецот. Доколку потрошувачот не се изјасни во предвидениот рок, ќе се смета дека не се согласува со предлогот на трговецот за решавање на приговорот.
Доколку е потребно да се достави производот, во врска со кој е приговорот до трговецот за да се утврди оправданоста на приговорот, се смета дека приговорот е примен и законските рокови започнуваат од моментот кога производот, во врска со кој е приговорот, е пристигнат на адресата на магацинот од каде е доставен.
Доколку трговецот од објективни причини не е во можност да го задоволи барањето на потрошувачот во договорениот рок, должен е да го извести потрошувачот за продолжување на рокот за решавање на приговорот и да го определи рокот (кој нема да биде подолг од 8 дена) во кој ќе го реши, како и да добие согласност од потрошувачот, што е обврзан да го евидентира во евиденцијата на примените поплаки.
Потрошувачот го губи правото на приговор во случај на несоодветно ракување и користење на производот или склопување на производот што не е во согласност со упатството за употреба/монтажа, како и во случај да се изврши поправка или обид за поправка од неовластени лица/службеници.
Plakjanje vo gotovo
Plakjanje na paketot pri dostava, plakjate na kurirot.
Poddrška za korisnici
Dokolku Vi e potrebna pri kreiranje na naračka ili barate info za statusot na Vašata naračka možete da ni se obratite na mejl: info@militaria.rs
Bezbedno kupuvanje 100%
Nie sme brend od doverba! Postoime povekje od 15 god, a ogromna brojka na zadovolni kupuvači se našata garancija za kvalitet i sigurnost.
Cenite na našata web strana se izrazeni vo denari. DDV e vklučen vo iznosot. Maksimalno gi koristime site naši kapaciteti i resursi za da Vi gi dobližime site proizvodi od našata ponuda so točni iminja na specifikacii, fotografii i ceni. Sepak odredeni informacii povrzani so opisot na proizvodite možat da otstapuvaat dokolku proizvoditelot vo medjuvreme napravil odredena izmena.