BRANDIT TAKTICKI РАНЕЦ 30 L CAMEL

2.770 Ден.

Цена со вклучена достава!

Информации за производот:

  • Димензии: 45cm x 24cm x 26cm.
  • Капацитет: 30L.
  • Материјал: 100% најлон.
  • Структура: 2 главни, 2 надворешни, 1 заден сегмент.
  • Со дополнителни внатрешни џебови.
  • MOLLE систем.
  • Пенаста структура на грбот  и во внатрешноста на ремените.
  • Каиши за прилагодување на ранецот.
  • Рачка-носач на врвот од ранецот.
Add to Wishlist Browse Wishlist
SKU: 8007-30 Категорија

Опис

BRANDIT TAKTICKI РАНЕЦ 30 L CAMEL

BRANDIT TAKTICKI РАНЕЦ 30 L CAMEL

Првите асоцијации на нешто што е прозиведено во Германија се квалитет, издржливост итн.

Во нашиот случај не е ништо поинаку со оглед  дека  Brandit ранците пристигнуваат директно од Келн.

Материјалот од којшто е направен  Brandit  Cooper Ranеc oт 30 L е 100% најлон кој е сам по себе многу јак и долготраен па така можете да бидете сигурни дека ќе издржи речиси се.

Иако наизглед е со потполно  тактички изглед , ранецот стекна огромна популарност межу цивилите, а најмногу кај ловците, планинарите но и дриги ентузијасти во природа.

Она што го прави посебен е спој на систематичност  и просторност. Ранецот се состои од 5 големи целини и мали внатрешни сегменти.

Поделен е на два внатрешни дела и два предни дела заедно со еден заден дел кои се наоѓаат однадвор. Brandit Cooper oт 30 L  многу е популарен кај припадниците на полицијата и кај спортистите.

Два предни сегменти:

Овој простор е наменет за сместување на помали предмети за кои имате потреба да им пристапите побрзо и тоа клучеви, паричник, документи и било што друго.

Во долниот дел внатре се наоѓаат мали џебови за пенкала, моливи и еден поголем внатречен џеб во кој во целост може да стане и роковник, таблет или мала флаша за вода.

Два внатрешни сегменти:

Помал од двата внатрешни сегементи и има доволно простор за предмети со поголеми димензии како што е помал лап топ, големо шише вода, ламба, компас, карти или било што.

Доколку имате уште помали предмети, а не сакате да спаднат најдолу туку да имате брз пристап тука се три мали џебови од кои два провидни мрежести и еден поголем најлонски кадешто можете да ставите телефон или пасош доколку патувате.

Поголем од двата внатрешни дела е со најголем капацитет кадешто станува се што Ви треба.

Доволно е голем за лап топ,  големо шише вода или што веќе Ви е потребно доколку подолг период сте надвор од дома или во природа.

И овој сегмент има свои мали внатрешни џебови за да можете полесно да се организирате.

Од една страна при врвот се наоѓа плиток најлонски џеб кој се закопчува така што секогаш ќе бидете сигурни дека се е на свое место.

Од друга страна се наоѓа мрежест дел низ којшто можете да видите се што се наоѓа внатре, а притоа иако не се затвора, силно ќе држи се што имате ставено внатре.

Еден сокриен сегмент:

Овој дел уште и се вика таен поради своето вклопување во структурата на ранецот но и поради затворање на трака со лепенка па така не постои ни најмала индиција дека се наоѓа залепен  врз вашиот грб.

Иако не е многу растеглив погоден е за рамни работи како што е лап топ поради тоа што е со голема длабочина и ширина, скоро преку целиот грб.

MOLLE sistem од надворешната страна Ви овозможува да прикачите се што е потребно за дирекетен пристап како што е комапс, ламба, вода итн…а можете да прикачите и амблеми и грбови.

Пенеста структура  која се наоѓа на грбот и во внатрешноста на рачките помага тежината рамномерно да се распореди и ништо да не ве стега од тежината на товарот.

Ова е онаа зошто е многу популарен меѓу планинарите, камперите и ловџиите кои долго време носат ранци со поголема тежина.

Подесиви траки и траки на шнали ви помагаат ранецот потполно да го обликувате по Ваша потреба и желба.

Додека дополнителните траки со шнали ја зајакнуваат конструкцијата таму кадешто е потребно.