BRANDIT РАНЕЦ 50 L – BLACK USA ARMY

3.350 Ден.

ВИДЕО – https://www.youtube.com/watch?v=84mm2Z2ZYHA

Цена со вклучена достава!

Add to Wishlist Browse Wishlist
SKU: 8008 crni Категории ,

Опис

BRANDIT РАНЕЦ 50 L – BLACK USA ARMY

BRANDIT РАНЕЦ 50 L – BLACK USA ARMY

 

 

Првите асоцијации на нешто што е прозведено во Германија се квалитет, сигурност, издржливост итн.

Во нашиот случај не е ништо поинаку со оглед  дека  Brandit  ранците пристигнуваат директно од Келн.

Материјалот од којшто е направен  Brandit US Army Cooper Crni 50 L е 100% најлон кој е сам по себе многу јак и долготраен па така можете да бидете сигурни дека ќе издржи речиси се.

Иако наизглед е со потполно  тактички изглед , ранецот стекна огромна популарност помеѓу цивилите, а најмногу кај ловците, планинарите но и други ентузијасти во природа.

 

Она што Ranеcот Brandit US Army Cooper Crni 50 L го прави посебен е спој на систематичност  и просторност. Ранецот се состои од 5 големи целини и мали внатрешни сегменти.

Поделен е на два внатрешни дела и два предни дела заедно со еден заден дел кои се наоѓаат однадвор.  Ranеcот Brandit US Army Cooper Crni 50 L многу е популарен кај припадниците на полицијата и кај спортистите.

Поделен е на два внатрешни дела и два предни дела заедно со еден заден дел кои се наоѓаат однадвор. Оваа шара е најинтересна за планинарите и тие најмногу ја бараат.

 

 

Два предни сегменти:

Овој простор е наменет за сместување на помали предмети за кои имате потреба да им пристапите побрзо и тоа клучеви, паричник, документи и било што друго.

Во долниот дел внатре се наоѓаат мали џебови за пенкала, моливи и еден поголем внатрешен џеб во кој во целост може да стане и роковник, таблет или мала флаша за вода.

 

Два внатрешни сегменти:

Помал од двата внатрешни сегементи и има доволно простор за предмети со поголеми димензии како што е помал лап топ, големо шише вода, ламба, компас, карти или било што.

Доколку имате уште помали предмети, а не сакате да спаднат најдолу туку да имате брз пристап тука се три мали џебови од кои два провидни мрежести и еден поголем најлонски кадешто можете да ставите телефон или пасош доколку патувате.

Поголем од двата внатрешни дела е со најголем капацитет кадешто станува се што Ви треба.

Доволно е голем за лап топ,  големо шише вода или што веќе Ви е потребно доколку подолг период сте надвор од дома или во природа.

И овој сегмент има свои мали внатрешни џебови за да можете полесно да се организирате.

Од една страна при врвот се наоѓа плиток најлонски џеб кој се закопчува така што секогаш ќе бидете сигурни дека се е на свое место.

Од друга страна се наоѓа мрежест дел низ којшто можете да видите се што се наоѓа внатре, а притоа иако не се затвора, силно ќе држи се што имате ставено внатре.

Оваа шара ги привлекува купувачите во прв план од урбаните средини но и планинарите.

 

 

 

Еден сокриен сегмент:

Овој дел уште и се вика таен поради своето вклопување во структурата на ранецот но и поради затворање на трака со лепенка па така не постои ни најмала индиција дека се наоѓа залепен  врз вашиот грб.

Иако не е многу растеглив погоден е за рамни работи како што е лап топ поради тоа што е со голема длабочина и ширина, скоро преку целиот грб.

 

MOLLE sistem од надворешната страна Ви овозможува да прикачите се што е потребно за дирекетен пристап како што е комапс, ламба, вода итн…а можете да прикачите и амблеми и грбови.

 

Пенеста структура  која се наоѓа на грбот и во внатрешноста на рачките помага тежината рамномерно да се распореди и ништо да не ве стега од тежината на товарот.

Ова е онаа зошто е многу популарен меѓу планинарите, камперите и ловџиите кои долго време носат ранци со поголема тежина.

Подесиви траки и траки на шнали ви помагаат ранецот потполно да го обликувате по Ваша потреба и желба.

Додека дополнителните траки со шнали ја зајакнуваат конструкцијата таму кадешто е потребно.